ЕКО БЛОГ

Расфрлано ѓубре долж регионалниот пат Новаци - Битола (Локација 4)

29 март 2024

Депонијата е активна

Отпадоци, пластики, најлонски кеси и шишиња - ваква е сликата долж регионалниот пат што ги поврзува Новаци - Битола. Мештаните велат дека овој е еден од најфреквентите патишта во овој дел од Пелагонија, со оглед на тоа што секојдневно патуваат илјадници граѓани кои што работат во енергетскиот комбинат РЕК Битола. Но, тие апелираат, наместо ѓубрето да го фрлаат преку прозорците од автомобилите, да покажат одговорност и да го фрлаат во канти за отпадоци, затоа што велат дека не се должни секојдневно да го чистат отпадот на неодговорните граѓани. Тие ја повикаа локалната власт и комуналното претпријатие да ги зголеми своите активности и да обезбедат чиста животна средина во Новаци.
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.