Велосипедот ја чува планетата
5 февруари 2024
Велосипедот ја чува планетата. Вака би можеле накратко да се претстават позитивните ефекти од користењето велосипед наместо автомобил.
Велосипедот добива се поважна улога во однос на мобилноста. Ако навистина сакаме да ги постигнеме климатските цели, тогаш се потребни промени во сообраќајот. Велосипед наместо автомобил секогаш кога тоа е можно. Тоа би требало да биде нашата цел.
Заменувајте го вашиот автомобил со велосипед секогаш кога имате можност. Бидете пример за вашата заедница со користење на ова алтернативно превозно средство. Ќе ѝ направите услуга на животната средина со тоа што ќе придонесете за намалување на загадувањето на воздухот. Покрај тоа, ќе заштедите време и пари при транспортот од една до друга локација, вешто избегнувајќи го метежот во сообраќајот.
Со изборот на велосипед наместо автомобил или мотоцикл, значително ги намалуваме емисиите на стакленички гасови, загадувањето на воздухот и нивото на бучава.
Но, тоа не е единствениот бенефит. Напротив, возењето велосипед е една од аеробните активности кои имаат корисен ефект врз нашиот циркулаторен и респираторен систем. Позитивно влијае на: намалување на крвниот притисок, намалување на холестеролот во крвта, намалување на ризикот од дијабетес, намалување на ризикот од остеопороза, намалување на ризикот од депресија, спречување на влошување на мускулниот систем, потрошувачка на калории.
Велосипедизмот станува сè попопуларен затоа што луѓето сакаат да бидат здрави и да придонесуваат за зачувување на планетата.
Покрај наведеното, возењето велосипед е активност на отворено, па затоа препорачливо е да поминуваме повеќе време на свеж воздух и сончева светлина, која ни е потребна за витамин Д, но и за добро расположение.
Странски искуства – Министри и државни служеници на велосипед
Позитивни искуства со возењето велосипед доаѓаат од цел свет, но се чини најдобрар пример давата оние кога функционери се одлучуваат за скромни велосипеди наместо за луксузни автомобили.
Еден таков пример доаѓа од Франција. Имено, Министерката задолжена за територијална еднаквост и изградба на станови Сесила Дифло наместо автомобил низ улиците во Париз вози службен велосипед.
Вработените во локалната самоуправа во Полска се почесто наместо да користат службен автомобил возат велосипед.
Павел Николоски
Волонтер во проектот „Мапирај за чиста Пелагонија“
Сподели на социјалните мрежи
Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.