МЕНТОРИ

Нашите обучувачи и ментори

Мартин Николовски

Претседател на Здружение Интерактив - Битола


Дипломиран новинар на Универзитетот Хаџи Бајрам Вели во Анкара, Република Турција. Има долгогодишно новинарско искуство во локални и национални медиуми во Македонија, а моментално работи како меѓународен мултимедијален новинар во Гласот на Америка на македонски јазик во Вашингтон, САД.


  martin.nikolovski97@live.com    |    

Анета Шијакова

Наградуван интернационален мултимедијален новинар, Доктор на науки по јавна администрација и менаџмент со фондовите на ЕУ и Маркетинг специјалист


Во моментов е на позицијата Маркетинг менаџер во најголемото осигурително брокерко друштво во Македонија, СН Осигурителен Брокер АД Битола. Претходното работно искуство вклучува позиции на Продуцент и ТВ водител во Гласот на Америка, со седиште во Вашингтон DC, САД, како и претходно искуство како уредник и новинар во дел од водечките национални и регионални медиуми во Македонија, ТВ Канал 5, ТВ Тера и неделниот магазин Јавност.


  aneta.sijakova@gmail.com    |    

Иван Дургутов

Потпретседател на Здружение Интерактив - Битола


Магистер по право и извршен директор на Европската бизнис асоцијација во Скопје. Дургутов беше учесник во Програмата за Студија на Американските институти за научници (SUSI) за млади европски лидери во медиумите и новинарството на Државниот универзитет во Вашингтон во Пулман, САД, како еден од 80-те најперспективни лидери на возраст под 25 години.


  durgutovivan@gmail.com    |    

Зоран Котевски

Автор и креатор на системот за онлајн мапирање на диви депонии mapiraj.mk


Професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола. Неговите области од интерес вклучуваат: Веб дизајн и веб технологии, Веб програмирање и апликации, Компјутерски мрежи, Мултимедиски технологии и системи, Компјутерска графика и графички дизајн.


  zoran.kotevski@uklo.edu.mk