ЕКО БЛОГ

Голема депонија никна во околината на Крушево

25 март 2024

Депонијата е активна

Отпадоци, градежен шут, но и остатоци од оган се регистрирани во околината на Крушево. Несовесните граѓани отпадот го фрлаат на отворени површини во ливадите со што директно ја загадуваат животната околина и почвата.
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.