ЕКО БЛОГ

Од нас зависи дали ќе живееме во чиста животна околина

16 јануари 2024

Секој од нас има право да живее во здрава и чиста животна средина. Но, сите не размислуваат многу за тоа. Напротив, многу граѓани всушност придонесуваат во загадувањето. Од нас зависи дали ќе живееме во чиста животна околина. Од нас граѓаните. Ова се потврдува секојдневно на многу локации насекаде, но еден конкретен пример ни доаѓа од Битола.

Надлежните чистат, граѓаните загадуваат. Вака би можела да се опише ситуацијата во населбата Горно Оризари во Битола. Имено, во близина на храмот Света Недела досега во повеќе наврати комуналните служби чистат депонии, но истите повторно се создаваат поради несовесни граѓани.

Во текот на месец ноември минатата година уште една дива депонија во Битола беше исчистена благодарение на брзата интервенција на битолските комунални служби. Се работи за депонија во близина на гробиштата во храмот Света Недела во Битола.

Откако депонијата беше исчистена, комуналните служби упатија апел да не се продолжи со загадувањето. „И покрај бројните апели граѓаните продолжуваат да создаваат диви депонии во близина на старите градски гробишта. Поради тоа денес екипите на јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со јавното комунално претпријатие „Водовод“ повторно извршија темелно чистење на диви депонии околу старите градски гробишта“, апелираа во ноември од јавното претпријатие „Комуналец“ – Битола.

Но, на 16 јануари 2024 на оваа локација повторно затекнавме смет. Несовесни граѓани повторно фрлаат отпад. Она што го заклучивме од оваа ситуација е дека фрлањето на отпад поттикнува нееколошко однесување. Затоа секој од нас треба да преземе лична одговорност и да не се препушта на нееколошко однесување.

Напротив, секој од нас треба да даде личен пример како треба да се однесува во својата околина. И на тој начин да даде пример за сите во околината како треба да се грижиме за животната средина и да дадеме придонес во нејзината заштита.

Павел Николоски
Волонтер во проектот „Мапирај за чиста Пелагонија“
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.