ЕКО БЛОГ

Дива депонија на Тумбе кафе

25 ноември 2023

Депонијата е активна

Дива депонија го загадува Тумбе кафе, едно од најпосетените места за рекреација на битолчани, на патот кон Золошката градина во Битола.
 
Депонијата е идентификувана преку он лајн системот за мапирање диви депонии mapiraj.mk.
 
Поради несовесно однесување на посетители во близина на патот се фрлаат пластични шишиња од пијалоци, пластични чаши од кафе матот во близина и друг вид на отпадоци.
 
Еве како изгледа депонијата:
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.