ЕКО БЛОГ

Исчистена дива депонија кај гробиштата во храмот Света Недела во Битола

2 ноември 2023

Депонијата е исчистена

Уште една дива депонија во Битола е исчистена благодарение на брзата интервенција на битолските комунални служби. Се работи за депонија во близина на гробиштата во храмот Света Недела во Битола.
 
Депонијата е веќе исчистена, а комуналните служби упатија апел да не се продолжи со загадувањето.
 
„И покрај бројните апели граѓаните продолжуваат да создаваат диви депонии во близина на старите градски гробишта. Поради тоа денес екипите на ЈП Комуналец во соработка со ЈКП Водовод повторно извршија темелно чистење на диви депонии  околу старите градски гробишта.“-апелираат од ЈП Комуналец Битола.
 
На следните фотографии може да се види како изгледаше оваа дива депонија пред и по чистењето на истата:
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.