ЕКО БЛОГ

Исчистена дива депонија кај храмот Света Недела во Битола

2 ноември 2023

Депонијата е исчистена

Поради несовесни граѓани дива депонија беше создадена во непосредна близина на храмот Света Недела во Битола. Истата беше мапирана преку он лајн системот за мапирање диви депонии mapiraj.mk.
 
На следните фотографии може да се види како изгледаше депонијата во моментот на мапирањето, а како изгледа сега после чистењето.
 
Во акција на битолските јавни комунални претпријатија Комуналец и Водовод депонијата беше исчистена.

„И покрај бројните апели граѓаните продолжуваат да создаваат диви депонии во близина на старите градски гробишта. Поради тоа денес екипите на ЈП Комуналец во соработка со ЈКП Водовод повторно извршија темелно чистење на диви депонии  околу старите градски гробишта.“-апелираа преку социјалните мрежи од ЈП Комуналец Битола.
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.