ЕКО БЛОГ

Се одржа втората обука за млади волонтери во рамките на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“

12 октомври 2023

Десет млади од општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила и Новаци на 29-ти октомври во Битола учестуваа на втората обука во рамките на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, што го спроведува Здружението за меѓународна младинска соработка – Интерактив од Битола.

Обуките беа насочени кон зајакнување на младинскиот активизам за позелени општини, но и еколошката свест кај младите и пошироката популација во насока на намалување на загадувањето на животната средина.
Сподели на социјалните мрежи

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.